Fountain

Надворешни проекти

Кратка биографија

Fountain

Алојз Стибел, роден 9.11.1945 година во Скопје, Македонија. Човек со визија се бави со иноваторство. Учесник е на повеќе саеми од областа на техниката и иноваторството. Неколку пати наградуван од државните институции како успешен иноватор во областа на техниката. Инспириран од убавините на природата добива идеја да креира една нова гранка во применетата уметност.

Тоа се Алојз фонтаните, кои како стил во однос на уметноста и во однос на изработка на фонтани се единствени во светот.

Како слободен уметник Алојз Стибел заедно со својот син Габриел Стибел работат на проблематиката на внесување една дива природа во урбана средина. Минијатурните изведби на делови на големите планински масиви богати со големи водопади и бујна вегетација, одлично се вклопуваат во домашни градни, градски паркови и останати зелени површини.

Посебна нота е ставена на ентериерните внатрешни фонтани кои потсетуваат на огромни планини со водопади, а сепак се минијатури. Составени од оргинални природни камења кои ја задржале својата природна форма, обликувани милиони години од природата и како такви без обработка вградени во овие фонтани.

Внатрешните фонтани го освежуваат и го филтрираат воздухот во просториите каде што се поставени. Во зависност од просторот, фонтаните може да се изведуваат во различни големини.

Секоја од Алојз фонтаните е рачно изработена и претставува уникатно дело, заштитено од авторот со име и датум на изработка.